Претходна статија
Од денеска пријавување за субвенции за купување на печки за пелети во Скопје
Следна статија
Пропадна тендерот за реконструкција на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе

Започна доградбата на училиштето „Гоце Делчев“ во општина Центар

Објавено на 15.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Со над 22,6 милиони денари обезбедени од локалниот буџет ќе се реконструира и надгради основното училиште „Гоце Делчев“ во строгиот центар на Скопје. Општина Центар го започна градежниот зафат, со кој училиштето ќе добие дополнителна површина од 532 метри квадратни. За учениците ќе се обезбедат шест нови училници, три помошни простории, а дел од зафатот е и поставување на лифт за деца со инвалидност и пречки во развојот. Со реализацијата на овој проект, објектот ќе се простира на сутерен, приземје и два ката.

 

*Извор на фотографија: Општина Центар

 

На денешниот настан се обрати градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ. „Училиштето ‘Гоце Делчев’ ќе биде современо и училиште по највисоките европски стандарди. Не само ова, туку и сите центарски училишта и градинки ќе добијат подобри услови за воспитување, престој, забава и образование“ изјави Богдановиќ.  Договорот за доградба на училишниот објект беше потпишан во август 2016 година.