Претходна статија
Министерството за култура работи на анализата за проектот „Скопје 2014“
Следна статија
Сугарески ќе ја доведува во ред легислативата за градење

Општина Аеродром предизборно ќе изведува енергетско ефикасни фасади

Објавено на 19.09.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Кавадаречката фирма „МИ КОМЕРЦ 2000 Златко ДООЕЛ“ е избрана за изведувач на енергетско ефикасни фасади на постарите станбени објекти на територијата на општина Аеродром. Општинските власти го потпишале договорот на 14 септември, а истиот денеска е објавен на веб-страницата на Бирото за јавни набавки. Предизборната набавка на нови енергетско ефикасни фасади доаѓа на 10-тина дена пред почетокот на изборната кампања, во која актуелниот градоначалник Ивица Коневски повторно ќе се натпреварува за прв човек на Општина Аеродром. Првичниот неуспешен тендер за реализација на овој проект беше поништен на почеток од август годинава.

 

 

Времетраењето на потпишаниот договор е 12 месеци. За новиот надворешен лик на постарите станбени објекти во оваа скопска општина се издвоени 19.999.820 денари од локалниот буџет. Општина Аеродром изминатава пролет ја започна изведбата на седум енергетско ефикасни фасади на колективните згради. Втората фаза од реконструкцијата на фасадите на станбените објекти ќе се изведува врз основа на изработената проектна документација од компанијата „Инком Инженеринг“. Лани оваа скопска фирма изработи проекти за обнова на 18 фасади на станбените објекти во оваа општина.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk