Понудите биле неприфатливи, Општина Аеродром со нов тендер за реконструкција на фасади
Поништен е тендерот за реализација на втората фаза од реконструкцијата на фасадите на станбените објекти на територијата на општина Аеродром. Локалните власти се одлучија за распишување на нов тендер, бидејќи на првичниот не биле доставени прифатливи понуди од изведувачите. Општината бара компании што ќе ги спроведат мерките за енергетска ефикасност на постарите станбени објекти,