Претходна статија
ЕЛЕМ нарача префизибилити студија за изградба на когенеративни електрани
Следна статија
Општина Центар: Во нашиот двор нема да се гради Старата учителска школа

„Барокот“ на „Сити галери“ проголта нови 280.000 евра за непредвидени работи

Објавено на 20.01.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Изведбата на „барокната“ фасада на објектот „Сити галери“ ја достигна вредноста од 109 милиони денари. Градот Скопје пред еден месец склучил дополнителен договор за „набавка на непредвидени работи“, кои треба да се реализираат во првиот квартал од годинава. Најновиот договор за менување на изгледот на некогашна „На-Ма“ е во вредност од 17.173.720 денари (околу 280.000 евра). Од Градот Скопје не е прецизно објаснето за какви непредвидени работи станува збор во рамките на информациите објавени преку Бирото за јавни набавки. Договорот е склучен со фирмата „Урбан инвест“ од Кавадарци, која беше ангажирана за изведувач на фасадата кон крајот на 2014 година.

 

 

Најновите непредвидени работи врз објектот лоциран на плоштад „Македонија“ не се први и единствени. Градот Скопје во ноември 2015 година потпишал договор од 95.000 евра за помрднување на големиот монитор на зградата. „Барокната“ фасада на објектот „Сити галери“ е изведена врз основа на идејното решение изготвено од авторите Лазад Димов и Никола Стакинов. Славко Брезоски, како оригинален автор на објектот „На-Ма“, веќе неколку пати јавно се спротивстави на менувањето на надворешниот лик на неговото архитектонско дело.

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk