Претходна статија
Започна реконструкцијата на градскиот парк во Куманово
Следна статија
Пехчево ќе работи на нов Генерален урбанистички план

Ќе се надградува и реконструира училиштето „Гоце Делчев“ во Скопје

Објавено на 11.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Центар потпиша договор за реконструкција и надградба на училиштето „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје. Фирмата „ВИА“ од Вевчани најдоцна за 12 месеци ќе треба да догради дополнителни 487 метри квадратни во склоп на објектот, со што ќе се обезбедат нови училници за следење настава. Проектот опфаќа реконструкција на просториите во образовната зграда, изведба на термичка фасада, но и санирање на спортското училиште во кругот на објектот. Локалните власти за оваа намена имаат издвоено финансиски средства во висина од над 22,6 милиони денари.

 

 

 

Тендерот за избор на градежна фирма за проектот беше распишан на почетокот од април годинава. Компанијата од Вевчани е избрана во конкуренција меѓу шест понуди. Пред неколку години, основното училиште „Гоце Делчев“ доби и нова спортска сала, додека очекувањата се дека со претстојниот зафат ќе се овозможат современи услови за следење настава на учениците.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk