Претходна статија
Во Богданци се продаваат парцели за изградба на откупно - дистрибутивни центри
Следна статија
Железничкото депо „Лисиче“ се реконструира со кредит од ЕБОР

Нова термичка фасада за објект во скопската населба Пролет

Објавено на 21.06.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Центар ја започна реконструкцијата на фасадата на зградата на улица „Цицо Поповиќ“ бр.7, со вкупна површина од 1.500 метри квадратни. Станува збор за зграда која е изградена во 1948 година, која заедно со останатите објекти ја формирале првата станбена населба во Скопје по Втората светска војна. Руинираната фасада ќе добие нов лик, а станарите во текот ќе имаат пониски сметки за затоплување и разладување на нивните домови. Општина Центар досега инвестираше во 13 енергетски ефикасни фасади во централното градско подрачје, а најавите се дека следниот објект ќе биде токму уште една зграда во населбата Пролет.

 

* Извор на фотографија: Општина Центар

 

„Како и на сите досегашни реконструкции на зградите, општина Центар става енергетско ефикасни фасади околу целата зграда, а не само на предниот дел. Ќе биде задржан автентичниот изглед, а боите ќе бидат избрани во договор со станарите. Новите фасади овозможуваат многу подобри услови за живеење, заштитени од влијанието на промените на годишните времиња и за 30% пониски сметки за електрична енергија“, велат од општина Центар.