Претходна статија
„Скопје 2014“ голта постоечки објекти со дневна зачестеност
Следна статија
Распишани тендери за изградба и реконструкција на 10 училишта

Нови термички фасади за две згради на булеварот Климент Охридски

Објавено на 24.02.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Центар планира да ги реконструира дотраените фасади на две згради лоцирани на булеварот Климент Охридски. Станбените објекти со број 23 и 25 во наредните месеци ќе добијат термичка фасада и нови колоритни бои во договор со станарите. Градежниот зафат ќе се реализира во период од 12 месеци. Од локалниот буџет за оваа намена ќе се вложат околу 17 милиони денари. За изведувач на градежните работи е избрана фирмата „Тетрагон МК“ од Скопје.

 

 

 

Изработката на термичките фасади на овие два објекти ќе значи спроведување на мерките за енергетска ефикасност. Жителите од овие згради ќе плаќаат помали сметки за топлинска енергија, но во иднина ќе можат и да се стекнат со енергетски пасош за нивната недвижност. Општина Центар во изминативе две години ја реализираше реконструкцијата на надворешниот изглед на девет згради за колективно домување во центарот на Скопје.