Претходна статија
Осветена црквата „Света Петка“ во Прилеп
Следна статија
Првиот кинески воз за Македонски железници пристигна во Скопје

Блокот Б од студентскиот дом „Гоце Делчев“ наскоро ќе биде вселив

Објавено на 24.10.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Реконструкцијата на блокот Б од студентскиот дом „Гоце Делчев“ доцни полни пет месеци. Вселувањето на студентите во санираните простории не е реализирано до денешен ден, но треба да се реализира наскоро. Заменик – министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска изјави дека реконструктивниот зафат на блокот Б од овој студентски дом е во завршна фаза. При крајот на наредната недела треба да почне етапното монтирање на мебелот, бидејќи градежните активности во објектот се целосно завршени. Паралелно со поставувањето на опремата, студентите ќе бидат префрлани од блокот А во реновираниот блок.

 

 

 

Заменик – министерот Ристовски најави дека за овој и за сите други студентски домови во земјава ќе се распише тендер за набавка на нови лифтови. Министерството за образование и наука веќе ја изготви проектната документација за реконструкција на блокот А, за што на почетокот од ноември ќе биде распишан тендер за пронаоѓање на изведувач на работите. Во моментов се изработува проектната документација за санација на блоковите В и Г, процес кој ќе биде комплетиран до Нова година. Целосната реконструкција на студентскиот дом „Гоце Делчев“ би требало да заврши до крајот на 2016 или почетокот на 2017 година.

 

Санацијата на блокот Б започна во септември минатата година. За санација на собите, ходниците и тоалетите беше задолжена градежната фирма „ВИА“ од Вевчани, на која за зафатот ѝ беа исплатени околу 1,2 милиони евра.