Претходна статија
Вистински бум во изградбата на мали хидроелектрани во земјава
Следна статија
Привршува реконструкцијата на фудбалскиот стадион во Тетово

Фасадите на постарите згради во Куманово ќе добијат нов изглед

Објавено на 08.10.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски и директорот на „Хабитат Македонија“ Зоран Костов денеска потпишаа прелиминарен договор за реализација на најавената обнова на фасадите на 12 станбени објекти, лоцирани на територијата на овој град. Во согласност со договорот, Општина Куманово ќе обезбеди 20% од сумата за реконструкција на дотраените фасади на колективните згради, додека преостанатите средства би ги обезбедиле граѓаните преку поволен кредит од „Хабитат Македонија“. Во претстојниот период ќе започне санацијата на надворешноста на објектите, врз основа на веќе утврдената ранг – листа на станбени згради што доставиле најсоодветни понуди на објавениот јавен повик.

 

 

 

Според изготвената ранг – листа од Општина Куманово, најпрво би се реконструирале објекти на улиците „Плоштад Маршал Тито“, „Ленинова“ и „Илинденска“ во центарот на градот. Предвидено е да се изведе термичка фасада, при што објектите би добиле и нови колоритни бои со што ќе се освежи нивниот изглед. Истовремено ќе се обнови и кровната конструкција и покривачите на колективните згради. Со зафатот, на станарите ќе им се овозможи значително да ги намалат сметките за топлинска енергија.