Претходна статија
Објавен победничкиот архитектонски труд за новиот Луна парк
Следна статија
Премиерот најавува изградба и реконструкција на шест болници

Ќе се обноват покривите на 14 станбени згради во Карпош

Објавено на 17.09.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимвски денеска го најави почетокот на проектот за реконструкција на покривите на станбените згради што се лоцирани во овој дел на Скопје. На распишаниот Конкурс се пријавиле 14 куќни совети подготвени да учествуваат во заедничка инвестиција за реконструкција или изградба на покриви. „Овие 14 згради, ќе ги посети наша петчлена комисија составена од двајца инженери, еден архитект, правник и вработен во финансии. Согласно критериумите кои беа дадени во огласот, ќе се утврди ранг листа врз основа на која ќе почне да се работи на првата зграда, а потоа согласно рангирањето и распоредот“, изјави Јакимовски.

 

 

 

Од Општината најавуваат дека следниот повик за пријавување на куќните совети е планирано да се распише во јануари 2016 година. За тековниот конкурс од општинскиот буџет се обезбедени 10 милиони денари за покривање на трошоците во станбените објекти потребни за парна брана, ламарина, олуци и штрафови. Покрај локалната самоуправа, во проектот е неопходно да се вклучат и самите станари со сопствени финансиски средства за покривање на работната рака, покривната конструкција и проектот со градежно одобрение.