Претходна статија
Заев: Премиерот Никола Груевски пикирал да се гради барокна зграда во паркот кај хотел „Бристол“
Следна статија
Чаир во потрага по идејно решение за мозаици на плоштад „Скендербег“

Општина Центар ќе изведе три нови термички фасади

Објавено на 18.05.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Три постари станбени објекти на територијата на скопската општина Центар ќе добијат освежен изглед со применети мерки од областа на енергетската ефикасност. Станува збор за зградата на улицата „Иван Милутиновиќ“ со број 19, зградата на булеварот „Илинден“ со број 83 и зградата на улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ со број 30. Со новите фасади, станарите ќе можат да се стекнат со енергетски пасош за нивните станови, а сметките за загревање и ладење ќе се намалат за преку 30%. Проценетата вредност на новите термички фасади изнесува вкупно 19.272.881 денари, односно 310 илјади евра. Проектот ќе се реализира во временски период од шест месеци. Градежните компании треба да ги достават своите понуди за учество на тендерот најдоцна до 4 јуни, за кога е закажано и нивното јавно отворање. Во изминатите неколку месеци, општина Центар инвестираше во изведба на седум енергетски ефикасни фасади на згради стари по неколку децении.

 

 

Бојан Блажевски