Претходна статија
Скопјани не даваат ГТЦ да се „барокизира“
Следна статија
Најпопуларните објави во 2014

Регистарот на цени на недвижностите ќе започне со работа во јануари

Објавено на 29.12.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Агенцијата за катастар на недвижности од наредниот месец ќе го стартува регистарот на цени на недвижностите во Македонија, кој ќе претставува прв чекор кон националната проценка на недвижностите во нашата земја. Овој е еден од проектите на кои ќе работи катастарот во текот на следната година. Од април 2015 година ќе биде ставен во функција дистрибутивен систем со помош на кој граѓаните по електронски пат од дома ќе можат да обезбедат имотен лист, копија од катастарски план, уверение за движење на имотот и други документи. Од Агенцијата за катастар на недвижности велат дека во моментов се дигитализирани 70% од катастарските планови на територијата на целата земја, а до ноември 2015 година треба успешно да биде заокружен и овој крупен проект.

 

Според официјалните проценки на катастарот, од мај наредната година ќе профункционира и владиниот геопортал за националната инфраструктура на просторни податоци со кој ќе се поврзат 17 државни институции, а нивните геопросторни податоци ќе бидат достапни за граѓаните и за компаниите. Во 2015 година треба да продолжи и бесплатното изготвување на геодетски елаборати за социјалните категории на граѓани (агенцијата досега изработила над 1.200 вакви документи).