Претходна статија
Значително зголемен интересот за изградба на станови во јуни
Следна статија
Градежниците задоволни од економската состојба на нивните компании

Реконструирана уште една фасада на станбен објект во општина Центар

Објавено на 15.08.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Локалната власт од Центар во изминативе осум месеци реконструираше и го освежи надворешниот изглед на пет станбени објекти. Последната од низата зданија што добија енергетски ефикасна фасада е зградата на улицата „Пиринска“, спроти Соборниот храм во центарот на Скопје. Од општина Центар соопштуваат дека при изведбата е посветено внимание во зачувувањето на автентичната архитектура и на боите на ова здание, кое е едно од ретките што го имаат преживеано скопскиот земјотрес од 1963 година. Со реализираната инвестиција е вградена термичка изолација на надворешните ѕидови на зградата, по што е извршено поставување на нови бои без да се промени оригиналниот изглед на фасадата.

 

* Извор на фотографија: Општина Центар

 

 

Општина Центар до крајот на годинава планира да реализира реконструкција на фасадите на вкупно 11 станбени објекти. Дел од градбите на кои допрва ќе се работи е комплексот од шест колективни згради за живеење спроти Зоолошката градина во Скопје, од кои две веќе го добија финалниот изглед, додека уште две фасади треба да бидат завршени во наредниот период. На минатогодишниот јавен повик на општина Центар се пријавија 32 колективни станбени згради кои треба да се вклучат во проектот за реконструкција и освежување на надворешниот изглед на објектите.