Претходна статија
МЕПСО ќе го претвори Вевчани во зимски туристички центар
Следна статија
Пет компании заинтересирани да го градат плоштадот „ВМРО“

Уште две станбени згради ќе добијат термички фасади во Центар

Објавено на 25.03.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Центар продолжува со остварување на програмата за реконструкција на фасадите на 11 објекти во текот на 2014 година. Деновиве беа потпишани два договори за изведба на нови термички фасади на станбени згради на улицата Рајко Жинзифов 49а и на улицата Франклин Рузвелт 50а. Градежната компанија „Пелагонија“ од Гостивар и скопски „Тетрагон МК“ ќе треба да ја завршат работата во рок од 60 денови, за што од локалниот буџет ќе бидат исплатени 9.413.600 денари (околу 150 илјади евра). Како и досега реализираните зафати, врз постоечките фасади ќе биде вграден термоизолационен материјал, а надворешниот изглед на зградите ќе биде освежен со нови бои.

 

 

 

Покрај раскинот со сивилото изразено преку избледените бои на постоечките објекти, со термичките фасади на станарите ќе им се овозможи и заштеда на финансиски средства преку намалување на потрошувачката на енергија. Реконструкцијата на останатите зданија што се планирани за 2014 година ќе се реализира постепено во наредните месеци. Како што беше и досега најавено, со проектот нема да се менува постоечката архитектонска визура на објектите што ќе бидат подложни на санација.