Претходна статија
Гасоводот засега ќе стигне само до Штип
Следна статија
Јагленот ќе мора да се истисне од производството на електрична енергија

Уште шест станбени згради во Карпош ќе добијат нови фасади

Објавено на 22.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Продолжува акцијата на Општина Карпош за освежување на надворешниот изглед на станбените објекти во овој дел од Скопје. Локалната власт бара градежни компании што ќе ја реализираат санацијата на фасадите на шест згради лоцирани на улицата Јуриј Гагарин во населбата Тафталиџе. Како и кај останатите згради кои досега беа опфатени со проектот „Да го вратиме сјајот на старите згради“, зафатот ќе вклучи и примена на мерки за енергетска ефикасност. Ќе се изведат термички фасади што ќе овозможат заштеда на топлинска енергија, како и замена на прозорците преку финанскиско учество на станарите од овие згради.

 

 

 

Обновата на фасадите би требало да чини над 10 милиони денари, а конечната финансиска конструкција за реконструкцијата на овие шест згради ќе се знае по изборот на најповолен понудувач. Заинтересираните компании треба да ги достават своите понуди за учество во проектот најдоцна до 31 јануари, за кога е закажано и нивното јавно отворање. Проектот на Општина Карпош вклучува реконструкција на 163 стари фасади, а во моментов при крај е реализацијата на термичка фасада на станбен објект спроти „Сити Мол“ во Карпош 3.