Претходна статија
И компаниите ќе можат да ја искористат мерката за откуп на земјиштето
Следна статија
Заврши реконструкцијата на Музејот на Старата скопска чаршија

Старите фасади во Карпош ќе добијат нов лик

Објавено на 21.01.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Програмата „Да го вратиме сјајот на старите згради“ продолжува да се реализира во општина Карпош. Граѓаните кои живеат во постари згради на фреквентни локации, со дотраени фасади и со поголем број на жители во нив, ја имаат можноста да се пријават, а општинска комисија ќе одлучи кои објекти ќе бидат вклучени во проектот во овој наврат. Покрај целосната промена на надворешниот изглед на зградите, предвидено е да се вградат ПВЦ – прозорци и градежни материјали за подобрување на топлинската изолација во становите и намалување на потрошувачката на енергија во овие објекти. Засега не се објавува вкупната бројка на станбени зданија коишто ќе добијат нови фасади, но од локалната самоуправа на Карпош истакнуваат дека точната бројка ќе ја соопштат по завршувањето на постапката.

 

По пријавата од страна на граѓаните, општинските службеници ќе излезат на терен за да ја утврдат реалната состојба во која се наоѓаат зградите. Врз основа на претходно изготвен елаборат, ќе се одлучи кои објекти ќе влезат во програмата за реконструкција. Остварувањето на овој проект ќе биде спроведено со финансиски средства од буџетот на општината. Во меѓувреме, се уште тече рокот за пријавување на градежните компании кои се заинтересирани да ги изведат новите фасади на станбените згради во наредните 12 месеци. Крајниот рок за пријавување истекува на 28 јануари.