Претходна статија
Две нови згради ќе се градат на местото на сегашните бараки на АДСДП во Дебар маало
Следна статија
Распишан тендер за втората фаза од изградбата на „Светиклиментовиот универзитет“

Се подготвува промена на уште пет фасади во центарот на Скопје

Објавено на 29.11.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градот Скопје ќе изготвува основни проекти за реконструкција на надворешниот изглед на пет објекти во централното градско подрачје. Проектантската компанија „Инком инженеринг“ од Скопје веќе ги започна активностите за изработка на неопходната документација за менување на постоечките фасади на зградите лоцирани на ул. „Никола Вапцаров“ бр.9, 11 и 13 и на ул. „Димитрија Чуповски“ бр. 10 и 20, при што за нејзино завршување од градскиот буџет се одвоени 3.386.600 денари, односно околу 55.000 евра. На почетокот од март наредната година ќе бидат завршени основните проекти, по што локалната власт би пристапила кон избор на градежна компанија што ќе ги врши изведбените активности. Идејните решенија за санација на сите фасади ги изработи архитектот Звонко Ставревски, кој ја доби првата награда во вредност од 700.000 денари на распишаниот конкурс од пред неколку месеци.

 

 

 

 

Градската власт во текот на наредната година планира со засилено темпо да работи на новиот „барокен“ лик на центарот на Скопје. Ако се земе во предвид предлог – буџетот на Градот, тогаш догодина на проекти, изработка и надзор на фасади ќе се потрошат 115 милиони денари или речиси 2 милиони евра. Покрај завршувањето на веќе започнатите објекти на плоштадот „Македонија“, речиси е сигурно дека ќе започнат активностите за промена на изгледот на објектите „Сити Галери“ и „Метропол“, како и на неколку зданија лоцирани на улиците „Македонија“, „Никола Вапцаров“ и „Димитрија Чуповски“. Иако дел од архитектонските решенија се готови, од Градот Скопје сеуште не објавуваат визуелен материјал од кој би можело да се види како ќе изгледа строгиот центар на Скопје во иднина.