Претходна статија
Аеродромци ќе добијат парк од милион евра
Следна статија
Ќе се градат нови откупно - дистрибутивни центри во Македонија?

Завршена санацијата на зградата на театарот во Гевгелија

Објавено на 19.12.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во присуство на министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и гевгелискиот градоначалник на Франгов, вчера во Гевгелија свечено беше отворена реконструираната зграда на Градскиот театар [»мапа]. Санационите активности на објектот на театарот опфатија целосна реконструкција на покривот, како и обновување на фасадата и внатрешното уредување. Извршено е внатрешно малтерисување, бетонирање и поплочување на подот во салата, поставена е нова електрична, водоводна и одводна инсталација и комплетно е променета столаријата. Во културната установа е поставен систем за греење и климатизација, а со извршената реконструкција Гевгелија во моментов го добива најмодерниот театарски објект во Македонија. Градежните работи на санација на културната установа ги изврши фирмата „ВИА“ од Вевчани.

 

Градскиот театар во Гевгелија е изграден во 1955 година, но во пожарот од 1996 година претрпе значителни оштетувања на покривот и внатрешноста на објектот. Локалната самоуправа на Гевгелија во 2007 година аплицираше со проектот „Реновирање на Народниот театар во Гевгелија“ до ИПА – Програмата на ЕУ, од каде беа обезбедени финансиски средства во износ од 500.000 евра. Градската власт на Гевгелија обезбеди дополнителни 7,2 милиони денари, односно 115.500 евра од локалниот буџет  за заокружување на финансиската конструкција на проектот. На вчерашното свечено отворање на културната установа беше изведена претставата „Свадбата на Фигаро“ на Македонскиот народен театар.

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

Извор: Министерство за култураИзвор: Гевгелиски магазин

 

 

Бојан Блажевски