Претходна статија
Објавен тендерот за обнова на дел од пругата на Коридор 10
Следна статија
ОСВРТ: Нови споменици се прават, старите не се оддржуваат

Се урива комплексот „Космос“

Објавено на 01.08.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Уривање на комплексот „Космос“Рано утринава во скопската населба Ќерамидница започна уривање на големиот станбено – деловен комплекс „Космос“ кој е во изградба [»мапа]. Градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, изјави дека ќе се урива целиот објект бидејќи е вон рамките на проектот со кој е добиено одобрението за градба. Според општинарите, постои висинско отстапување од 1,43 метри, како и изведба на армирано – бетонски плочи, парапет и столбови на приземјето, кои се во спротивност на основниот проект. За уривање се предвидени сите шест досега изградени катови со вкупна површина од околу 35 илјади метри квадратни. Со соопштение се јавија и од Град Скопје, од каде обвинуваат дека комуналиите за објектот не се подмируваат според утврдената динамика.

 

На сопственикот на фирмата „Фине“ која стои зад комплексот „Космос“, бизнисменот Фијат Цаноски, денес не му беше дозволен пристап до градилиштето. Тој ги негира сите наводи на надлежните и тврди дека се манипулира со фактите. Обвинува дека зад случајот има политичка заднина, како и бизнис интереси на луѓе од власта. Цаноски најви дека доколку не се најде решение за проблемот, ќе им ги врати парите на лицата кои веќе имаат купено станови во комплексот, а потоа ќе бара меѓународна правна заштита и обесштетување од државата.

 

Комплексот „Косомос“ и беше претставен на јавноста кон крајот на минатата година, кога Општина Гази Баба ги усвои измените на Деталниот урбанистички план „Ќерамидница – урбан блок 2“. Според најавите, „Космос“ требаше да обезбеди домување за околу 4.000 луѓе, а инвестицијата се проценуваше на 30 милиони евра.

 

»Форумска дискусија за овој проект