Претходна статија
Намалени трошоците за изградба на објекти за индивидуално домување
Следна статија
Доделени субвенции на 606 граѓани за купени сончеви колектори

Почнува изградбата на новата фонтана на плоштадот „Македонија“

Објавено на 05.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Централниот градски плоштад во Скопје прерасна во огромно градилиште. Од денеска започнаа градежните работи за изведба на површинска, т.н. сува фонтана на просторот помеѓу фонтаната „Воин на коњ“ и Камениот мост. Фонтаната ќе биде во правоаголна форма, со димензии 20 на 10 метри и вкопано армирано – бетонско корито, информираат од Градот Скопје. Омилениот јавен простор на граѓаните од главниот град ќе се поплочи со светлосиви гранитни плочки, при што на плочите од фонтаната ќе бидат поставени ЛЕД светилки со отвори за вградување млазник. Идната фонтана ќе се состои од 128 прскалки со идентичен број на светилки.

 

 

 

Во близина на фонтаната ќе се изведе машинска сала во која ќе се сместат пумпи, сензори, скимери, филтри, сонди и друго. Покрај разладувањето што ќе одземе дел од и од онака малиот постоечки јавен простор, со проектот ќе се реконструира партерот на плоштадот „Македонија“ во неколку етапи за да се овозможи непречено движење на пешаците во текот на изградбата. Очекувањата на Градот Скопје се дека градежните работи ќе се завршат во рок од 120 работни дена.

 

Вкупната инвестиција во проектот изнесува околу 150 милиони денари или околу 2,4 милиони евра. Иако е под ингеренции на градската управа, македонската влада се одлучи да издвои две третини од неопходните финансиски средства. Изведувач на градежните работи е „Трансмет“ од Скопје, додека проектната документација ја изработи Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови – Прилеп.