Претходна статија
Пронајден е инвеститор за новата зграда на Општина Центар (Дополнето)
Следна статија
Државниот универзитет во Тетово се всели во ново модерно здание

Новиот градски пазар во Гевгелија ќе биде готов до крајот на 2014

Објавено на 27.11.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Новиот градски пазар во Гевгелија - визуелизацијаГрадежната компанија „Бауер БГ“ од Скопје ќе го гради новиот градски пазар во Гевгелија. Локалната самоуправа од градот потпиша договор со скопското претпријатие во вредност од 68.241.598 денари или над 1,1 милиони евра за реализација на првата етапа од проектот. Објектот поделен во три блока е предвидено да се гради на површина од 5.888 метри квадратни заедно со отворен паркинг простор, пристапни патеки и простор за контејнери за ѓубре. Идниот пазар ќе биде лоциран во северозападниот дел од Гевгелија во седмата урбана единица, за разлика од досегашниот кој се наоѓаше во строгиот центар на градот.  „Бауер БГ“ доби рок од 24 месеци за да го изгради градскиот пазар, а од Општината истакнуваат дека локацијата е веќе расчистена и подготвена за почеток на градежните работи.

 

По комплетирањето на објектот, во втората фаза, на просторот ќе се изгради голем супермаркет од страна на приватен инвеститор. Зданието е дел од проектот „Гевгелија 2013“ со кој се планира изведба на нова меѓуградска автобуска станица и на модерен градски плоштад. На локацијата на некогашниот пазар во централното градско подрачје ќе се подигнат станбено – деловни објекти и подземен паркинг простор.