Претходна статија
Нов деловно - трговски центар најавен во Прилеп
Следна статија
Автопатот кон Штип ќе почне да се гради на почетокот од 2013 година, Коридорот 8 ќе почека

Забрзано се работи на реконструкција на фасадите на 11 објекти во центарот на Скопје

Објавено на 23.11.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

извор: Општина ЦентарВо тек е санацијата на старите фасади на 11 станбени згради во центарот на Скопје, која ја спроведува Општина Центар. До крајот на годинава треба да се заврши изведбата на новите термички фасади, додека во соработка со невладината организација „Хабитат Македонија“ граѓаните ќе можат да ги променат дотраените прозорци со нови кои ќе им овозможат поголема заштеда на топлинска енергија во домаќинствата. Локалните власти за овој проект обезбедија 30 милиони денари од општинскиот буџет, а дополнителни средства во форма на кредити за граѓаните се издвоија и од партнерската организација. Поради големиот интерес за аплицирање на заедниците на станари, проектот е планирано да продолжи и во текот на наредната година, со што вкупната бројка на реконструирани фасади се очекува да се зголеми.

 

Покрај освежувањето на надворешниот изглед на старите станбени објекти кои го нагрдуваат ликот на центарот на македонската метропола, од Општина Центар велат дека со зафатот ќе се редуцира загубата на топлинска енергија и ќе се намалат финансиските трошоци на граѓаните, а ќе осигура и поголема заштита на животната средина. Проектот „Енергетско ефикасни домови“ стартуваше во текот на мај годинава со објавувањето на јавен повик за пројавување на интерес од страна на станбените единици, додека кон крајот на летото беа избрани 11 објекти врз кои во моментов се вршат градежните активности. Освен во општина Центар, невладината „Хабитат Македонија“ спроведува акционен план „Енергетска ефикасност за секторот домување“ во неколку останати локални самоуправи.