Нова предлог траса на магистралниот гасовод кон Гостивар што минува преку Водно
Вицепремиерот Кочо Анѓушев, директорот на Македонски Енергетски Ресурси (МЕР) Бајрам Реџепи и претставници на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“, денес извршија увид на новата предложена траса на магистралниот гасовод од Скопје до Гостивар, којашто минува низ падините на Водно. Новата предложена траса од МЕР има за цел максимално да го заштити зелениот појас на Водно,