Претходна статија
Злоупотребата доведе до кратење на европските ИПА фондови за Македонија
Следна статија
Dannatt Johnson Architects подготви идејно решение за Епископските базилики во Стоби

Зоолошката градина во Скопје со нови живеалишта за животни

Објавено на 19.07.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Пингвини, слон, мајмуни, морски лавови и фламинго птици се само дел од егзотичните животни кои скопјани наскоро ќе може да ги откријат при посетата на Зоолошката градина во Скопје. За да се овозможи нивен престој, од Зоолошката градина во континуитет работат на реконструкција на постојните и на изградба на нови живеалишта. Веќе е потпишан договор за изведба на живеалиште за пингвините, за кое е предвидено да се одвојат околу 18,9 милиони денари. Зафатот треба да го заврши фирмата „Бауер БГ“ во рок од седум месеци, а напролет треба да пристигнат и пингвините од Виена.

 

#Во меѓувреме, од Зоолошката градина работат и на реконструкција и доградба на мајмунарата, проект за кој веќе е склучен договор со изведувачот „Теракота Инженеринг“ од Прилеп. Комплетно треба да се уреди и слонарата во текот на претстојната есен, за која се издвоени финансиски средства од речиси 26 милиони денари. За реализација на овие градежни работи ќе се погрижи фирмата „Деспот Инг“ од Гостивар. По исполнувањето на строгите услови за чување на слон, одговорните лица од Зоолошката градина очекуваат дека ќе успеат да донесат примерок од ова животно во Скопје. Меѓу активностите кои вклучуваат градежни работи, од Зоолошката градина во наредниот период планираат да извршат адаптација на старото живеалиште на нилскиот коњ во мултифункционален едукативно-образовен центар.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk