Во март годинава се издадени 195 одобренија за градење, што претставува намалување за дури 33,9% во однос на истиот месец лани, соопштува Државниот завод за статистика. Трендот на намалување на градежните активности особено е присутен во секторот нискоградба каде што се издадени само 10 одобренија за градба, односно за 81,1% помалку во споредба со март 2010 година.
Во секторот високоградба се издадени 147 одобренија за градба или 18,3% помалку во однос на истиот временски период лани, додека за реконструкција на објекти се пријавиле 38 физички лица и деловни субјекти, што претставува намалување за 38,7% во споредба со истиот месец минатата година.
Општиот тренд на поголемо намалување на активностите во изградбата на објекти е присутен и кај предвидената вредност на објектите. Статистика пресметала дека вкупната вредност на планираните објекти изнесува 2.049.950.000 денари што е за 35,9% помалку во однос на истиот период лани.
Со предвидените одобренија за градба е планирано да се подигнат 382 стана, со вкупна корисна површина од 38.201 квадратни метри.
Бојан Блажевски