Владината служба за општи и заеднички работи склучила договор со фирмата „Трансмет“ за изведба на фасада во стилот на „Скопје 2014“ на жолтата куќа лоцирана на булевар Климент Охридски број 9, непосредно до владиното седиште. „Барокизацијата“ на објектот ќе го чини државниот буџет 10.671.139 денари, или пресметано во европската валута, околу 170.000 евра. Градежните работи на терен ќе се остварат во согласност со изработеното идејно решение и основен ревидиран проект.
Изведбата на оваа „барокна“ фасада доаѓа во период кога се комплетира новиот надворешен изглед на објектот на Владата на Република Македонија. Тендерот за избор на најповолен понудувач беше објавен кон крајот на октомври 2015 година.