Претходна статија
Надградбата на патот Велес - Штип ќе заврши до септември
Следна статија
Жителите на Тафталиџе 1 против изградба на нова станбена зграда

Жестоки реакции против изградбата на Рајска градина во Аеродром

Објавено на 12.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонскиот граѓански сектор и опозициските политички партии жестоко ја осудија идејата за изградбата на Рајска градина во скопската општина Аеродром. Либерал-демократската партија побара да се запре потрагата по изведувач на проектот, додека предвидените финансии од 14 милиони евра да се инвестираат во искористување на обновливите извори на енергија. „Либерал-демократската партија искрено се надева дека и проектот за рајската градина со мајмуни во Аеродром ќе биде уште еден проект на ЕЛЕМ кој ќе заврши само на „ќе““, се нагласува во денешното соопштение на партијата.

 

 

 

Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) посочуваат дека Електрани на Македонија дозволува постојан пад на домашното производство на електрична енергија, што е основна дејност на компанијата, но затоа пак на граѓаните на Аеродром и Скопје ќе им носи мајмуни и желки за 14 милиони евра. Од опозициската партија денеска поставија неколку прашања. „Дали е точно дека член на Надзорниот одбор на ЕЛЕМ поднел оставка од позицијата? Дали оставката на членот на Надзорниот одбор на ЕЛЕМ доаѓа по планираната 14 милионска Рајска градина што одлучи да ја цвета ЕЛЕМ во Аеродром?“, велат од СДСМ.

 

Од државната енергетска компанија денеска не излегоа со детален приказ на идејата за изградба на Рајскиот парк во општина Аеродром, но затоа пак реагираа на соопштението на опозициската СДСМ. „СДСМ злоупотребува и шпекулира со информации во врска со членовите на Надзорниот одбор на АД ЕЛЕМ. Членот за кој се зборува гласал за реализација на предметниот проект и неговото повлекување од функцијата не треба да се поврзува со работата на овој орган“, тврдат од Електрани на Македонија.

 

Од граѓанската иницијатива „Сакаме Аеродром да дише“ со забелешки за идејата да се гради Рајски парк со површина од најмалку 9 хектари. Тие сметаат дека постоечкиот запуштен простор покрај Кејот на Вардар треба да се уреди во парк, но се залагаат за поевтини и практични решенија. „Стравуваме дека и оваа инвестиција ќе биде промашена како онаа со садењето палми на поднебје што не им одговара“, посочуваат од иницијативата „Сакаме Аеродром да дише“.

 

Електрани на Македонија пред неколку дена објави тендер за изградба на Рајскиот парк, кој има проценета вредност од 900 милиони денари, не вклучувајќи ДДВ. На локацијата во скопската населба Ново Лисиче треба да се гради парковска површина, во чии рамки ќе можат слободно да шетаат срни, фазани, мајмуни и други животни. Автори на проектната документација се архитектите Никола Стакинов и Лазар Димов.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект