Претходна статија
Германската компанија „Маркарт“ отвори фабрика во Велес
Следна статија
Вистински бум во изградбата на мали хидроелектрани во земјава

Железницата доби мултимодален царински терминал во Скопје

Објавено на 07.10.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

МЖ Инфраструктура го реализираше проектот за адаптација на железничката станица Скопје – Товарна во мултимодален царински терминал. Домашните и странски компании во иднина на едно место ќе можат да вршат царинење на стоката, нејзин претовар од железнички вагони во товарни камиони и обратно, како и испостава до одредена локација. Во изминативе неколку месеци беше поставена нова ограда и влезно – излезна портирница со контролни рампи, додека во објектот беа монтирани колска вага, челична настрешница за вага, систем за електронско евидентирање на возила и издавање на терминалска белешка, како и системи за видео надзор и осветлување. Со зафатот беа реконструирани санитарните јазли со гардероби и туш кабини, додека паркинг просторот беше хоризонтално и вертикално обележан.

 

 

 

Во меѓувреме, МЖ Инфраструктура со Царинската управа на РМ склучила договор за користење на мултимодалниот царински терминал Скопје – Товарна. Од државното железничко претпријатие очекуваат дека отворањето на новиот терминал ќе придонесе за зголемување на оперативната ефикасност, пренос на тежок товар со железница, како и поповолен пристап на камионите од аспект на поповолната локација на терминалот. На тој начин, би требало да се зголеми и искористеноста на македонската железничка инфраструктура од домашните компании.

 

Адаптацијата и санацијата на железничката станица Товарна – Скопје започна кон средината на 2013 година. Целокупната постапка за реализација на новиот логистички центар во главниот град ја спроведе проектантското биро „ДОТ Архитекти“ од Скопје. Во заедничкиот проект на МЖ Инфраструктура, Министерството за транспорт и врски и Царинската управа на Македонија беа инвестирани 21.035.058 денари (околу 340 илјади евра).

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk