Претходна статија
Оглас за избор на проектна документација за куќи во населбата „Јака“
Следна статија
Седиштето на македонската влада ќе добие и нов ентериер

Зградата до „Бристол“ ќе ја чини државата 3,8 милиони евра

Објавено на 08.10.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Службата за општи и заеднички работи на Владата потпиша договор со скопската компанија „Декон – Ком“ за изведување на градежни и градежно – занаетчиски активности за изградба на административен објект на улицата „Македонија“ во центарот на Скопје [»мапа]. Од државниот буџет за идниот објект до хотелот „Бристол“ се издвоени 232.729.351 денари или речиси 3,8 милиони евра. Договорот е со времетраење од 18 месеци, а истиот е склучен на почетокот од септември. Во административната зграда со приземје, осум ката и поткровје ќе бидат сместени вработените од Советот за радиодифузија, АДСДП и Службата за општи и заеднички работи на владата. Во согласност со зацртаната маркичка во урбанистичкиот план, вкупната површина на објектот ќе изнесува 4.099 метри квадратни.

 

Зад идејното решение за новиот административен објект стојат архитектите Жарко Чаушевски и Никола Стакинов, додека ревидираниот основен проект го изработи фирмата „Прима инженеринг“ од Скопје. Пред неговото уништување, просторот до хотел „Бристол“ долг период претставуваше мини парк со спомен – обележје за скопскиот земјотрес од 1963 година, а по протестите на неколку невладини организации и на граѓаните од околните згради, полицијата пред неколку недели ги растера демонстрантите и создаде услови за парцелата да прерасне во градилиште.