Претходна статија
Започна изградбата на кружен тек кај трговскиот центар „Треска“
Следна статија
Откриен споменикот „Паднати херои за Македонија“

Земјиште во касарната „Илинден“ по втор пат огласено на продажба

Објавено на 08.09.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Локалната самоуправа од Карпош повторно бара заинтересирани инвеститори за неодамна понудените локации во скопската касарна „Илинден“, дел од проектот „Старите касарни за нов развој“. Во огласот се нудат 11 градежни парцели за изградба на објекти за семејно домување во станбени згради, комерцијални и деловни намени и здравствена установа. Најголема промена е направена во понудата на локациите за колективни живеалишта, каде бројот на парцелите е зголемен од четири на пет, а нивната вкупна површина изнесува 68.271 метри квадратни. Општината нуди пет парцели со големина од 38.814 метри квадратни за подигнување објекти за комерцијални и деловни намени, како и земјиште со површина од 3.495 метри квадратни за изградба на институција од областа на здравството.

 

На северниот дел од касарната „Илинден“ е предвидено да се реализираат објекти кои ќе достигнуваат висина до 21 кат. Приватните компании на земјиштето треба да изградат станбени згради со максимална висина од 21 до 80 метри, идните зданија за деловни и комерцијални намени ќе бидат во висина од 40 до 80 метри, додека здравствената установа е зацртано да има приземје, два ката и поткровје. Почетните цени се движат од 1.400 денари од метар квадратен за парцелата со намена за објект од здравствена дејност до 6.000 денари од метар квадратен за оние со намена за станбени згради, како и за комерцијални и деловни зданија. Електронската лицитација за отуѓување на земјиштето е закажана за 17 октомври.

 

 

» Форумска дискусија за проектот „Старите касарни за нов развој“