Претходна статија
Почнува третата фаза од рехабилитацијата на патот Велес - Штип
Следна статија
Консултант ќе работи на проектот за пругата Крива Паланка - Деве Баир

Заврши санацијата на мостот „Гемиџии“ во Велес

Објавено на 20.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

После невцели осум месеци од почетокот на реконструктивниот зафат, градежната фирма „Синтек“ деновиве ги комплетираше активностите за санација на мостот „Гемиџии“ во центарот на Велес. Реконструкцијата на горниот дел од мостот завршија во текот на август – проект кој ја вклучи коловозната плоча, пешачките патеки, ивичниците на коловозот, оградата и хоризонталната сигнализација. Градежните работи на долниот дел од мостот бараа повеќе време поради потребата за поставување на антикорозивна заштита, како и санација на појавените пукнатини во објектот со репартур малтер и со епоксидни смоли. Со овој зафат се постигна неопходната безбедност за одвивање на сообраќајот, што беше главната причина за реализација на овој проект.

 

Мост „Гемиџии“ - ВелесМост „Гемиџии“ - ВелесМост „Гемиџии“ - ВелесМост „Гемиџии“ - Велес

 

 

Општина Велес планира во текот на 2015 година да постави и нова ограда на мостот, за која веќе постои план како ќе изгледа. За санацијата на овој важен инфраструктурен објект беа обезбедени 530 илјади евра. Освен што ја премостува реката Вардар, мостот е дел и од велешката автобуска станица, односно служи како покривна конструкција над пероните.