Претходна статија
Осум граѓански иницијативи против изградбата на магистрален гасовод на Водно
Следна статија
Пругата од Битола кон Грција ќе биде готова до ноември годинава

Заврши реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски“ во Бутел

Објавено на 28.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Градот Скопје ја заврши реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски“ во општина Бутел. Оваа сообраќајница се реконструираше на потегот од раскрсницата со улица „Бутелска“ до крстосницата која води кон влезот во гробиштата Бутел, во вкупна должина од околу 800 метри. Како што информираат скопските власти, на овој потег е извадена старата коцка и е поставен нов асфалт на коловозот, а се изградени и нови тротоари со ширина од по 2 метри. На дел од улицата се изгради нова водоводна, атмосферска и фекална мрежа. На реконструираната сообраќајница е поставено ново улично осветлување, хоризонтална и вертикална сигнализација.

 

*Извор на фотографии: Град Скопје

 

Реализацијата на овој градежен зафат започна кон крајот на јули минатата година. Во проектот се инвестирани 18,5 милиони денари. Градежните работи на терен ги изведе фирмата „Пелагонија“ од Гостивар.