Претходна статија
Од Скопје до Софија ќе се патува со воз дури во 2027 година
Следна статија
Во 12 општини ќе се работи на документација за водовод, канализација и регулација на речни корита

Започна реконструкцијата на улицата Александар Урдаревски во Бутел

Објавено на 27.07.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градот Скопје денеска ги започна градежните работи за реконструкција на коловозот на улицата Александар Урдаревски во Општина Бутел, проект вреден 18,5 милиони денари. Сообраќајницата ќе се реконструира од крстосницата со улица Бутелска до крстосницата која води кон влезот во гробиштата Бутел. „Со овој градежен зафат, во должина од 808 метри и ширина од 6,5 метри ќе биде извадена старата и оштетена коцка и ќе биде нанесен нов асфалт. На овој потег на улицата од двете страни ќе бидат изградени нови тротоари со ширина од по 2 метри“ изјави скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

 

 

Во текот на градежни работи на оваа делница, во должина од околу 300 метри ќе биде поставена нова водоводна, атмосферска и фекална мрежа, а ќе бидат поставени нови сливници и шахти. По должината на улицата ќе биде обновено јавното осветлување и ќе бидат поставени 27 столбови за осветлување. На терен ќе работат екипите на градежната компанија „Пелагонија“ од Гостивар.