Претходна статија
Скопје ја доби првата автоматизирана катна гаража
Следна статија
Инфраструктурно ќе се поврзе комплексот „Милци“ во близина на ГП „Богородица“

Заврши првата фаза од проширувањето на булеварот Трета Македонска бригада

Објавено на 09.09.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски и премиерот Никола Груевски денеска свечено ја отворија за сообраќај новопроширената делница од булеварот Трета Македонска бригада во скопската општина Аеродром. Досегашната улица со две коловозни ленти е реконструирана и проширена со уште две дополнителни ленти на потегот од булеварот Србија до улицата Фрањо Клуз, во должина од 1.243 метри. Со булеварското решение за оваа сообраќајница се изведени нови тротоари, велосипедска патека, средишно зеленило и ново осветлување. Од левата страна на сообраќајницата е формиран тротоар со ширина од 1,5 метри, додека од нејзината десна страна е оформен зелен појас ширина од 1,5 метри, велосипедска патека од 2 метри и тротоар со ширина од 3 метри. Со комплетираниот зафат е поставена фекална канализација во должина од 1.300 метри, која е приклучена на колекторот на булеварот Србија.

 

 

Извор на фотографија: Град Скопје

 

 

На средината од булеварот е изведена средишна жардиниера со ширина од по 5 метри, а уредено е и странично зеленило. „Градот Скопје за изградбата на оваа значајна делница потроши 133 милиони денари. Сакам да нагласам и дека новата сообраќајница ја осветлуваат 78 столба со висина од по 10 метри“, изјави градоначалникот Коце Трајановски. Заедно со издвоените финансиски средства за осветлување долж булеварот и за хортикултурно уредување на целиот простор, за првата фаза од реконструкцијата и проширувањето на булеварот Трета Македонска бригада се потрошени околу 147,2 милиони денари.

 

 

Градежните работи во изминативе девет месеци ги изведуваше фирмата „Жикол“ од Струмица, булеварското осветлување го поставија екипите на „Елтра“ од Скопје, додека зелениот простор го уреди скопското јавно претпријатие „Паркови и зеленило“. Проширувањето на булеварот Трета Македонска бригада започна на средината од октомври минатата година.

 

###

###