Претходна статија
Јавниот превоз во Тетово се враќа на колосек
Следна статија
Со новиот ДУП за Карпош-4 би се исекле околу 500 дрвја

Заврши обновата на манастирот „Св. Преображение“ во Зрзе

Објавено на 06.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Манастирскиот комплекс „Св. Преображение“ во прилепското село Зрзе е целосно реконструиран и дограден. Со проектот во изминативе осум години раководеше Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп, со финансиски средства обезбедени од Министерството за култура. Зафатот опфати реконструкција и внатрешно уредување на Монашкиот конак, североисточниот бедем на комплексот, како и кулата до влезната порта. Со завршните активности беше изведена Горната порта и партерното уредување на внатрешноста од комплексот.

 

* Извор на фотографија: Министерство за култура

 

Во изминативе осум години беше саниран и локалниот пат што води кон манастирот „Св. Преображение“ во Зрзе. Вкупната инвестиција во проектот изнесува 3,1 милиони евра, износ кој беше распределен по половина во реконструкција на комплексот и во обнова на патната инфраструктура.