Претходна статија
На почетокот на 2019 тендер за соларна електрана во РЕК „Осломеј“
Следна статија
Со 28,7 милиони евра ќе се градат нови градинки и ќе се подобруваат социјалните услуги

Заврши изградбата на два нови објекти во затворот „Идризово“

Објавено на 29.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерката за правда Рената Дескоска денеска ги промовираше двата новоизградени објекти од КПУ „Идризово“ во Скопје. Станува збор за зградата на отвореното одделение со капацитет од 294 лица и површина од 3.800 метри квадратни и објектот на полуотвореното одделение за сместување на 252 осудени лица на површина од 4.000 метри квадратни. Во новите објекти се обезбедува сместување на четири осудени лица по ќелија, со бања. Овие градби имаат заеднички простории за престој, работилници, фитнес сали, ќелии за лица со посебни потреби, шеталишта и игралишта.

 

 

Со реализираниот проект се создадени најсовремени услови за сместување на осудените лица по европски стандарди. Министерката Дескоска посочи дека со инвестицијата значително се подобрени условите во затворот „Идризово“. Во минатото, во оваа институција биле сместени и повеќе од двојно поголем број на лица од предвидените капацитети. „Градењето на нови сместувачки капацитети во КПД Идризово е всушност една од мерките кои ги превземаме за подобрување на условите за извршување на санкциите во Република Македонија“ изјави министерката Рената Дескоска.

 

*Извор на фотографии: Влада на Р.М.

 

Покрај изградбата на новите одделенија во КПУ „Идризово“, изградена е пречистителна станица за отпадни води, реконструиран е постојниот објект кој се адаптираше во Тренинг центар за одржување на обуки и проверка на знаењата на вработените, реконструирана е административната зграда и набавена е современа опрема за функционирање на сите простории во објектот. Изградбата на новите објекти во КПУ „Идризово“ започна во септември 2013 година.