Претходна статија
Новата градинка во Капиштец доведена на ниво на карабина
Следна статија
И во Охрид се следи стилот на „Скопје 2014“?

Завршени 75% од градежните работи на македонско – српскиот 400 kV далновод

Објавено на 02.07.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Се ближи кон крајот изградбата на новиот македонско – српски 400 киловолтен далновод. МЕПСО досега подигна 100 столбови, од кои во целост се монтирани 80. Во финална фаза на монтажа се наоѓаат 20 столбни места, додека во моментов се одвиваат градежните работи на 59 столбови. Идниот далновод што ќе ги поврзува електроенергетските системи на Македонија и на Србија е долг 70 километри и се состои од 168 челично – решеткасти столбови. Инвестицијата е во вредност од 9,7 милиони евра, а зафатот почна да се реализира пред една година.

 

Во изминативе 12 месеци е завршено поставувањето на 86% од основите и на 50% од работите што се однесуваат на монтажа на далекуводните столбови. Досега се комплетирани 75% од градежните работи на целокупниот проект. Целосната изведба на трасата треба да заврши до септември, по што далноводот ќе биде ставен под напон. Како точки на поврзување на овој далновод се трансформаторските станици во Штип и Врање. Ставањето во функција на овој преносен вод значајно ќе ја подобри доверливоста и стабилноста на македонскиот електроенергетски систем. Проектот го изведуваат „Енергомонтажа“ од Србија и „Елтел Нетворкс ТЕ АБ“ од Шведска.