Претходна статија
Општина Демир Капија продаде парцели за изградба на хотел и пет индустриски објекти
Следна статија
Македонски железници без возен ред и поредок

Завршен новиот македонско – српски 400 kV далновод

Објавено на 03.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Државната компанија МЕПСО ја заврши изградбата на новиот 400 kV далновод од Штип до македонско – српската граница, а во моментов течат финалните активности за поврзување на последниот далекуводен столб на македонска страна со првиот столб на српската страна од границата. Електромонтерите на ко-изведувачот „Енергомонтажа“, кој го гради далноводот заедно со шведски „Елтек“, работи на извлекување и монтажа на фазните проводници за електрична енергија на затезните челично – решеткасти столбови на двете страни од македонско – српската граница.

 

* Извор на фотографија: МЕПСО

 

 

Со финализација на оваа фаза од работите, МЕПСО го затвора најголемиот тековен инвестициски проект вреден над 11 милиони евра. На територијата на Република Македонија се изградени 168 далекуводни столбови, од трансформаторската станица во Штип до границата со Република Србија, со должина од 70 километри. До крајот на ноември интерконективниот вод треба да биде ставен под напон. Во следниот период ќе се реализираат финалните подесувања, проверки и тестирања.

 

Изведбата на 400 киловолтниот далновод се одвиваше во изминативе 11 месеци – градежните работи на терен започнаа во декември 2014 година. Со изградбата на овој капацитет за пренос на електрична енергија, нашата земја ќе добие 4 интерконективни далноводи на коридорот север – југ.