Претходна статија
Млади архитекти ќе креираат нови решенија за струшкиот плоштад
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Се наѕира новиот изглед на Министерството за транспорт

Започнува монтажата на милионската ограда на мостот кај Холидеј Ин

Објавено на 17.04.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

После долги перипетии, иако веќе од поодамна е изработена и складирана во депо, конечно започнаа градежните активности за поставување на новата стилска ограда на мостот „Слобода“ во центарот на Скопје. Градските власти информираат дека поради спецификите на поставувањето, работите ќе се одвиваат во текот на неколку месеци.

 

Мост „Слобода“Мост „Слобода“Мост „Слобода“

 

 

Градот пред три години потпиша договор со РЖ Институт од Скопје и леарницата Јеремиќ од Белград за изработка и монтажа на оградата и канделабрите на мостот во вредност од 1.150.000 евра, а пред еден месец и дополнителен договор со РЖ Институт во вредност од околу 260.000 евра. Новиот договор е за „дополнителни услуги за изработка и монтажа на заштитна ограда и канделабри согласно идејно обликовно решение за заштитна ограда и илуминација“.

 

Ако се земе во предвид дека вкупната должина на оградата од двете страни на мостот изнесува околу 160 метри, се доаѓа до фрапантна сума од 8.800 евра за еден метар ограда, или речиси девет милиони евра сметано за должина од еден километар, цифра значително поголема дури и од цената на чинење на најголем дел од современите автопати.