Претходна статија
Центарот за управување и контрола на сообраќајот треба конечно да профункционира годинава
Следна статија
Во јануари се зголемил бројот на предвидени станови за градба

Започнаа саемите „Градежништво 2013“ и „RealExpo 2013“

Објавено на 05.03.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во Скопје денеска беше отворен 10-тиот меѓународен Сaeм зa грaдeжништвo, грaдeжни мaтeриjaли и грaдeжнa мeхaнизaциja, а во негови рамки се одржува и 3-тиот Саем на недвижности „RealExpo“. Во три изложбени хали на површина од 9.000 метри квадратни ќе се претстават повеќе од 300 компании, а покрај домашни застапени се компании и од Србија, Турција, Италија, Словенија, Косово и Германија. Манифестацијата ќе трае до 9 март. Од Скопски саем очекуваат посетеноста да надмине 15.000 посетители.

 

Саем на градежништво 2013„Саемот за градежништво и оваа година ќе понуди богата програма од градежната индустрија, а капацитетот е зголемен за 7% во однос на минатата година. Ќе се промовираат, нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и опремување објекти и имоти, а сето ова ќе привлече експерти од областа на градежната индустрија кои ќе дискутираат и склучуваат зделки во кои ќе ги вклучат и новите трендови во повеќе категории“, изјави oперативниот директор на Саемот за градежништво – Валентина Димитрова.

 

На Саемот за недвижности, пак, повеќе домашни инвеститори како „Адора“, „Трим“, „Настел“, „Импексл 2“, „Еуроактива“ и „Курум Холдинг“ ќе ги промовираат своите нови објекти со вкупно 1.500 станови, а ќе бидат презентирани и новите услови за купување станови преку владиниот проект „Купи куќа, купи стан“.

 

За времетрaење на саемот ќе се одвиваат и бројни настани во Конгресниот центар на Скопски саем и на самите штандови на изложувачите. Посебен акцент ќе се стави на презентацијата на тема „Искористување на волната и текстилниот отпад во изработката на изолациони материјали за градежната индустрија“, која ќе се одржи утре во Дипломатик салата, а е во организација на Агенцијата за енергетика и CeProSARD. Проектот „Урбан Еко Експо 2013“ ќе има своја промоција во Метрополис Арена, каде секојдневно ќе се одвиваат презентации на тема „Зелена урбана палета“. Проектот е во соработка со Град Скопје и јавните претпријатија „Паркови и зеленило“, „Градски паркинг“, „Улици и патишта“, „ЈСП“, „Комунална хигиена“, „Водовод и канализација“ и „Дрисла“.