Претходна статија
Изградбата на Антички театар во Скупи ќе проголта 7 милиони евра!
Следна статија
Седум железнички станици реконструирани, уште четири се предвидени

Започна изградбата на новата еко-населба „Александрија“

Објавено на 16.06.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

АД „Карпош“ денеска стартуваше со изградба новата населба „Александрија“ во скопската населба Ѓорче Петров. На површина од 150.000 метри квадратни што го опфаќа просторот на некогашната фабрика „Карпош“ ќе се издигне еко-комплекс со бруто развиена површина од 500.000 метри квадратни. Покрај тоа што ќе ги задоволува најстрогите еколошки стандарди за живеење „Александрија“ е првиот позначаен урбанистички подвиг во Македонија за трансформација на неискористениот простор од некогашните индустриски објекти во површина со мултифункционални содржини корисна за целиот град. Проектот за населбата го изработи Градежниот институт „Македонија“.

 

 

 

Според инвеститорот, „Александрија“ ќе се наоѓа на само 200 метри од реката Лепенец, која претставува главен извор на свеж воздух во Скопје. Во населбата ќе има голема површина на зеленило, која треба да се вклопи во комплексот од игралишта, трговски центар, деловни објекти, бензински пумпи, градинка и други содржини. Првите станбени згради треба да бидат вселиви до јули 2017 година.

 

 

 

„Во врска со овој проект можам да ви кажам дека околу 20 илјади семејства ќе имаат можност да живеат во исклучително стабилни градби кои ќе имаат и своја зелена површина на кровните површини како и на дел од терасите и останатите заеднички простории во рамките на населбата“, рече проект – менаџерот Александар Стефанов.

 

 

 

 

» Форумска дискусија за овој проект