Претходна статија
На 16 септември ќе се одржи школа за архитектура за деца
Следна статија
Стартуваше изградбата на пречистителната станица за вода за пиење во Липково

Заглавена е реконструкцијата на фудбалскиот стадион во Прилеп

Објавено на 14.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Двата проекти за реконструкција на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп се стопирани. Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски вели дека започнатиот зафат бил во спротивност со законските прописи и истите биле штетни од секој аспект. Едниот проект се однесува на реконструкција и доградба на северната трибина, како и поставување на челична покривна конструкција, што треба да биде направена со општински пари. Другиот проект финансиран од ФФМ вклучува поставување нов тревник, 4 рефлектори и агрегат за ноќно одигрување на натпревари.

 

*Извор на фотографија: Општина Прилеп

 

Како што истакнува градоначалникот Јованоски, не било постапено по препораките на Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија (ИЗИИС) за испитување на статиката на северната трибина во однос на тоа дали таа може да ја издржи тежината на новата покривна конструкција. Вториот дел од поставувањето на покривот не било можно да се изведе, иако биле предвидени 28 милиони денари од општинскиот буџет за оваа намена.

 

„Што се однесува до вториот проект, ќе кажам дека поставените рефлектори се дивоградба. Имено, за поставување на рефлектори, од кои еден е висок над 40 метри и тежок 10 тона, не е издадено одобрение за градење, туку е издадено решение за градба, кое се издава за поставување на канделабри и улично осветлување. Треба да се напомене дека било планирано агрегатот да се постави во една од соблекувалните, што е уште една катастрофална грешка. Заради сето ова, стопиран беше и вториот проект“ изјави Јованоски.

 

Општина Прилеп формираше петчлена комисија што ќе изврши комплетна ревизија на проектот и да ги утврди пропустите. Во ИЗИИС се испитува статиката на северната трибина, по што ќе биде објавен тендерот за изведба на покривната конструкција. Ќе биде потребно време за да се заврши комплетно целокупната изведба на реконструктивниот зафат, вели прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.

 

 

» Форумска дискусија за стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп