Претходна статија
Со години доцни обновата на „Македониумот“ во Крушево
Следна статија
Потпишани договорите за реализација на топлификацијата во Битола

Загадувањето пред предизвик – „НаТочак“ предлага велосипедски превоз

Објавено на 28.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Граѓанската иницијатива „НаТочак“ предлага краткорочни и долгорочни мерки за надминување на проблемот со загадување во македонските градови. „Логично е градови како Тетово, Скопје, Битола со алармантен проблем со загадувањето да дадат предност на активните начини на транспорт (пешачење и возење велосипед) и да ги интегрираат во сите нивоа на нивните политики: од урбанистичкото планирање, до буџетските вложувања во инфраструктура и разни едукативни и стимулативни мерки за користење на овој начин на превоз заедно со јавниот превоз“, посочуваат од иницијативата „НаТочак“. Ваквата политика кон транспортот треба да се имплементира и во Гостивар, Прилеп, Штип и Струмица.

 

 

 

Од „НаТочак“ предлагаат рационализирање и ограничување на употребата на автомобилите преку креирање на ефикасен јавен превоз, но и преку велосипедска и пешачка мрежа со подолга должина во Скопје и низ останатите градови во земјава. „Сметаме дека не треба да имаме мерки само за период од алармантна загаденост, туку континуирано да се работи во насока на намалување на загадувањето и похрабро да се преземаат чекори кои на долг рок ќе дадат резултати“, велат од граѓанската иницијатива. Тие додаваат дека долгорочно решение за намалување на загадувањето е континуирана промоција на велосипедот како превозно средство. При ваквата промоција, вложувањето во велосипедската инфраструктура е најважната мерка.

 

Иницијативата предлага серија на краткорочни и долгорочни мерки со кои ќе се надмине екстремното загадување во Скопје и во другите градови. Под мотото „Зошто прераспределба кон велосипедски превоз?“, сите граѓани на Скопје се поканети во среда, 30 декември на уште едно групно возење велосипеди по улиците. Критична маса #44 ќе се вози со почеток од 17:30 часот, со поаѓање од плоштад „Македонија“ кон фонтаната во Градски парк.