Претходна статија
Помалку договорени, повеќе реализирани градежни проекти во странство
Следна статија
Две нови пречистителни станици за отпадни води во скопско Волково и Сарај

За седум месеци проработеа 10 нови електрани на обновлива енергија

Објавено на 17.05.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Искористеноста на обновливите извори на енергија остануваат на ниско ниво во Република Македонија. Во изминативе седум месеци биле пуштени во употреба само 10 нови електроцентрали што произведуваат електрична енергија од обновливи извори. Според податоците на Агенцијата за енергетика, во земјава функционираат 178 енергетски објекти со вкупна моќност 126,10 мегавати. Производството на „зелена енергија“ е насочено првенствено кон ползувањето на малите хидроелектрани. Токму овој вид на енергетски објекти најмногу се градат. Во нашата земја во моментов функционираат 72 мали хидроелектрани со моќност од 66,59 мегавати.

 

Загрижувачки е податокот за недостиг од нови фотоволтаични електрани во најновите измени на Регистарот на електроцентрали за производство на електрична енергија од обновливите извори. Искористувањето на сонцето се остварува преку 102 фотоволтаични електрани, чија моќност изнесува само 16,71 мегавати. Нема промени и кај другите видови електроцентрали. Во земјава функционира само една ветерна електрана и три електроцентрали на биогас.

 

Планираното годишно производство на електрична енергија од сите обновливи извори изнесува 408.155 мегават часови, од кои повеќе од половина отпаѓа на малите хидроелектрани.