Претходна статија
Отворен за сообраќај кружниот тек кај трговскиот центар „Треска“
Следна статија
Општина Штип го раскина договорот за уредување на Отиња

За една година ќе биде завршен мултимодалниот терминал во Скопје

Објавено на 16.05.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Проектантското биро „ДОТ Архитекти“ од Скопје е избрано како најповолен понудувач за адаптацијата на постоечката железничка станица Товарна – Скопје во нов мултимодален терминал за товарање и истоварање на железнички вагони и камиони. Реализацијата на новиот логистички центар во Скопје треба да се заврши за 12 месеци или најдоцна до средината на 2014 година. Висината на инвестицијата во овој проект изнесува 21.035.058 денари или околу 340 илјади евра, а во него се вклучени Македонски железници – Инфраструктура, Министерството за транспорт и врски и Царинската управа на Македонија. Избраната компанија е должна да изработи сообраќајно решение за просторот, да го уреди ентериерот во зградата, да постави портирница со контролна рампа на влезот од терминалот, да го санира магацинскиот простор и санитарните јазли, да го обнови рефлекторскиот систем за осветлување, да ја реконструира железничката вага, да постави колска вага и да инсталира видео надзор и систем за разглас.

 

 

 

 

Со изведбата на мултимодалниот терминал, Македонија ќе го добие првиот објект во кој на едно место ќе се врши царинење на стоката, нејзин претовар и испостава до одредена локација. Објектот ќе биде сместен во рамките на постоечката товарна железничка станица помеѓу населбите Автокоманда и Ќерамидница.