Претходна статија
Лукаш Станек одржа предавање на Архитектонскиот факултет
Следна статија
ЕЛЕМ нема да ја гради „Рајската градина“ во Аеродром и ски - центарот на Водно

За два месеца ќе бидат изработени проектите за санација на македонските чаршии

Објавено на 06.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

5 милиони денари од државниот буџет се издвоија за изработка на проектни решенија за конзервација, санација и адаптација на чаршиите во Скопје, Битола, Струга и Охрид. Проектната документација ќе ја изработи фирмата „Јорд ДООЕЛ“ од Скопје во рок од 60 дена од денот на потпишувањето на договорот. Министерството за економија го склучило договорот на 29 ноември, се наведува во податоците објавени на веб – страницата на Бирото за јавни набавки. Во тендерската постапка учествувале вкупно 10 компании.

Во претстојните два месеца ќе се работи на решенијата за идниот изглед на излозите, натписите, натстрешниците, ќепенците и идното зеленило на дуќаните од македонските чаршии. Бројот на дуќани што ќе бидат опфатени ќе биде дополнително утврден. Проектната документација ќе се однесува првенствено на оние дуќани со деградирани излози, каде се применети несоодветни ПВЦ и алуминиумски материјали, несоодветни нови дрвени материјали или постојните материјали се дотраени.

 

Овој проект на Министерството за економија има за цел да го врати изворниот лик на старите градски јадра во Скопје, Битола, Струга и Охрид. Конструкцијата на идните излози во дуќаните би била од масивно дрво, кои ќе се вклопат во целокупниот амбиент на чаршијата. Тендерската постапка за изработка на проектната документација беше објавена кон крајот на октомври годинава.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk