Претходна статија
Новата зграда на ВМРО-ДПМНЕ се соочува со проблеми
Следна статија
Првиот кинески воз ќе пристигне во август, вклучување во сообраќај за неколку месеци

За два и пол месеци Центар доби 1.047 нови велосипеди

Објавено на 07.07.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Центар успешно го реализираше проектот „Цел Центар на точак“. За само два и пол месеци се субвенционираа 1.047 велосипеди што се купени од страна на жители на оваа скопска општина. Целокупниот планиран буџет за годинава во износ од 2,8 милиони денари веќе е потрошен, што претставува показател за големиот интерес на граѓаните за учество во проектот. Од Општината се задоволни со постигнатото, напоменувајќи дека центарци покажуваат свест за одржување на здрава животна средина и помал сообраќаен метеж во централното градско подрачје.

 

 

 

Во проектот „Цел Центар на точак“ можеше да учествува секој граѓанин што ќе достави барање за субвенционирање на дел од средствата потрошени за купен велосипед. Општина Центар покри до 3.000 денари за секое ново превозно средство на две тркала, со што оваа скопска општина е единствената што го стимулира користењето на велосипедот како превозно средство во градскиот сообраќај.