Претходна статија
Пет игралишта во Центар адаптирани за децата со посебни потреби
Следна статија
Целосно реконструирана улицата „Васко Карангелески“ во Аеродром

За 50% ќе се намалат сите цени на услугите што ги нуди Катастарот

Објавено на 25.08.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Агенцијата за катастар на недвижности ќе ја намали цената на сите нејзини услуги за 50%. За оваа информација денеска информираше министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по одржаната средба со директорот на Катастарот, Борис Тунџев и претставници на Комората на приватни геодети. Министерот Сугарески најави дека граѓаните во иднина ќе плаќаат значително помали цени од сегашните. Воедно, со овластените геодети е договорено да се вратат дел од овластувањата на приватните фирми.

 

*Извор на фотографија: Министерство за транспорт и врски

 

„Наместо Агенцијата за катастар да има ексклузивно право за вршење на теренски работи за потребите на единиците на локална самоуправа и институциите на централна власт, заради забрзување на услугите, праксата покажува дека е потребно таквите права и овластувања да ги имаат и приватните геодетски фирми“ изјави министерот Горан Сугарески. Главната цел на ваквиот пристап е да се врати конкурентноста на пазарот на геодетски услуги. Од надлежното министерство велат дека постои согласност долната цена на услугите да остане регулирана од државата, додека горната цена на услугите ќе биде регулирана во согласност со пазарните услуги.