Претходна статија
Градежниците со поделени мислења за деловните тенденции во секторот
Следна статија
За неполни три недели исцрпени државните субвенции за вградување на нови прозорци

Втора шанса за реконструкција на 13 училишни објекти низ земјава

Објавено на 19.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Министерството за образование и наука денеска објави тендер за избор на градежни компании што ќе ја изведуваат реконструкцијата на 13 училишни објекти низ општините во земјава. Проектот вреден речиси 90 милиони денари ќе треба да се реализира во текот на наредните месеци. Неговата реализација беше одложена поради поништувањето на првичната тендерска постапка, која што беше објавена кон средината на октомври 2017 година. Главен критериум за избор на најповолен понудувач е доставената најниска цена од компаниите, кои имаат рок најдоцна до 9 мај за да ги достават своите понуди.

 

Со претстојниот проект ќе се подобрат условите за следење на настава во објектите на следниве училишта: ОУ „Браќа Миладиновци“ од Пробиштип, ОУ „Тошо Арсов“ од Штип, ОУ „Бајрам Шабани“ од Куманово, ОУ „Крсте П. Мисирков“ од Оризари, ОУ „Лазо Ангеловски“ од Скопје, ОУ „Васил Главинов“ од Чаир, ОУ „Бајрам Шабани“ од Кондово, ОУ „Перпарими“ од Чегране, ОУ „Панајот Гиновски“ од Бутел, ОУ „Наум Наумовски – Борче“ од Бутел, ОУ „Кузман Шапкарев“ од Драчево, ОУ „Никола Карев“ од Пробиштип и ОУ „Јероним Де Рада“ од Черкезе.