Претходна статија
Физибилити студија за проширување на ски - центарот „Пелистер“
Следна статија
Градски парк ја вдомува фудбалската Академија на Самсоненко

Втора фаза од реконструкцијата на градскиот плоштад во Прилеп

Објавено на 12.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Прилепската локална самоуправа склучи договор со фирмата „Кринг – КГ“ од Прилеп за изведба на втората фаза од архитектонското и партерното уредување на плоштадот Методија Андонов – Ченто во центарот на градот. Со целосното комплетирање на проектот се предвидува градскиот плоштад да заземе површина од 8.000 метри квадратни, во чии рамки ќе влезе нова и поголема зелена површина. Партерното уредување подразбира поставување на нови плочки, урбана опрема и осветлување на јавниот простор. Рокот за реализација е една година.

 

 

 

Од локалниот буџет за спроведување на втората фаза од реконструкцијата на плоштадот Методија Андонов – Ченто се алоцирани 3.396.317 денари. Градежниот зафат за уредување на градскиот плоштад е инициран од општина Прилеп и истиот се одвива веќе речиси четири години.